Тејлор кажи кога е другиот концерт ќе дојдеме да помогнеме? Тејлор Свифт исплати 55 милиони долари бонуси на работниците на нејзината турнеја The Eras
33-годишната пејачка им ја исплати сумата на работниците на профитабилното патување, вклучувајќи резервни танчери, професионалци за местење, техничари за звук, персонал во угостителството и возачи на камиони. Добитничката на Греми им плати на сите вклучени во тековната турнеја.

Дарежливиот гест на ѕвездата родена во Западна Ридинг, Пенсилванија доаѓа откако таа распродаде шест концерти.
Упатените изјавија дека пејачката им платила на околу 50 камионџии по 100.000 долари во Санта Клара, Калифорнија во текот на викендот, кога настапила на стадионот Левис.

Извори изјавија дека турнејата е во конкуренција за највисоката заработка досега, со приход од над 1 милијарда долари. Браво за гестот на Тејлор, затоа што се сетила дека без сите тие луѓе нејзината турнеја немало ни да се случи.


Коментирај анонимно