Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА ги сними „најдеталните“ слики од маглината „Коњска глава“, која се наоѓа на 1.300 светлосни години од Земјата

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ фокусиран на „топлинска визија“ на НАСА штотуку ги сними најдеталните снимки досега од разгорената „грива“ на магливата „Коњска глава“.

Повеќе од еден век, астрономите се восхитуваа на маглината – густ и далечен облак од гасовити честички што служи како расадник за нови ѕвезди.

 

 

 

„Овие набљудувања го покажуваат врвот на „коњската грива“ или работ на оваа маглина“, рече портпаролот на НАСА , „доловувајќи ја сложеноста на регионот со невидена просторна резолуција“.
Една од новите инфра-црвени снимки од телескопот „Џејмс Веб“ го доловува, во јасна поделба на боите, регионот каде гас од ладни молекули на водород (сина) се префрла во енергизирани, „јонизирани“ атоми на водород (црвено).

 

 

 

Според НАСА, маглината е она што астрофизичарите го нарекуваат „регион на фотодисоцијација или PDR“ во кој ултравиолетовата (УВ) светлина од младите и масивни ѕвезди создава меур од реактивно неутрален, топол гас и прашина, обвиен со повеќе јонизирани гасови.
Маглината е омилена мета и за професионалните и за аматерските астрономи, вклучувајќи го и Брајан Шо, кој се стекна со слава за снимање на прекрасни слики од маглини и ѕвездени јата од неговата градина во Велика Британија.

 

 

Астрономите, меѓу другото, забележале и црна вдовица пајак, фенер за Ноќта на вештерките, змија, изложен човечки мозок и „Starship Enterprise“.
Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА вреден 10 милијарди долари, партнерство со европските и канадските вселенски агенции, е опишан како „временска машина“ што може да помогне во откривањето на тајните на нашиот универзум.

Телескопот е направен да гледа назад на првите галаксии родени во раниот универзум пред повеќе од 13,5 милијарди години, за да ги набљудува изворите на ѕвездите, егзопланетите, па дури и месечините и планетите на нашиот Сончев систем.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *