ТЕСТ: 4 загатки кои ќе ви ја разбудат логиката и скриениот детектив во вас

Мистериозните детективски загатки секогаш се најзабавни затоа што раскажуваат своја приказна која сите сакаме да ја дознаеме. Обидете да се ги решите овие неколку загатки и дознајте колку се добри вашите вештини за логика.

4. Лутата жена

Јане и се јавил на сопругата и рекол дека ќе биде дома во 8. Дошол во 8.05. Немале многу планови, но сепак сопругата била лута бидејќи доцнел.

Зошто била лута сопругата?

3. Мува во кафе

Млад дечко седел во кафуле и нашол мува во кафето. Тој побарал да му го заменат кафето. Но, откако добил нова шолја и испил една голтка, се налути. Сфатил дека тоа е истата шолја кафе во која претходно имало мува.

Како знаеше дека ја пие истата шолја кафе?

2. Скршена статуетка

Игор седел сам дома и одеднаш слушнал дека нешто паднало во собата на неговата сопруга. Влегол и видел дека нејзината омилена статуетка е скршена. Во тој момент некој истрчал од собата. Игор се обидел да го стигне непознатиот. Но, улиците биле студени, а стаклата на очилата на Игор биле многу замаглени. Тој не видел ништо, давајќи му можност на непознатиот да исчезне. Игор му ја кажал оваа приказна на полицаецот, но тој одбил да ја истражи работата. Полицаецот го замолил да престане да лаже и да признае дека токму тој ја скршил фигурата.
Дали приказната на Игор е навистина лажна?

1. Смртта на г-дин Џејмс

Г-дин Џејмс бил пронајден мртов во неговата соба. Во собата немало прозорец, а вратата била заклучена. Биле испрашувани само 4 лица кои го имале клучот од собата.

Слугинката Софија: „Дојдов да го разбудам г-дин Џејмс и потоа го видов мртов, веднаш вреснав!“

Џон батлерот: „Кога го слушнав крикот, истрчав во собата, го запалив светлото и видов дека г-дин Џејмс лежи со нож во вратот“.

Сара учителката: „Побрзав кон собата и кога Џон го запали светлото, имаше крв низ целата соба“.

Џек готвачот: „Подготвував појадок и не видов ништо“.

Кој го направил тоа?

Решенијата се на втората страна.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *