Тетовски мафијаш на доктор (виц)

Тетовски мафијаш оди на доктор:
– Докторе, јас дојдов да ме кастрирате!
– Како така да ве кастрирам?
– Така, дојдов да ме кастрираш!
– Ама, како така? Вие сте млад човек. Не можам туку така да ве кастрирам.
– Абе, слушај сега! Сите се кастрираат и јас ќе се кастрирам!
Докторот видел-невидел, му ја направил операцијата. Мафијашот излегува од ординацијата, а надвор другарот што го чека го прашува:
– Што се случи? Зошто се задржа толку? Те вакцинираа ли?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *