„Тежев речиси 200 килограми и секогаш ги кршев вагите на коишто се мерев – решив да си го променам животот и да ослабам неверојатни 70 килограми“

Анастасија Морис (32) започнала со своја трансформација, откако постигнала неверојатни 196 килограми на вага.

 

 

Така, во комбинација со поздрав начин на живот, таа направила операција на гастричен бајпас во август, што ја чинел 20.000 евра – и изгубила 69 килограми за само девет месеци.
Сега со тежина од 120 килограми и со големина XXL, Анастасија може барем да се мери на својата вага во бањата, затоа што претходно со тежина од речиси 200 килограми, скршила неколку такви.

 

 

 

Анастасија, административен асистент за логистика, изјавила: „Додека растев, храната ми беше утеха – вечерав со моето семејство, а потоа се прикрадував кај чипсот и имав втор оброк. Стигнав до точка што едвај можев да одам – ​​бев преголема за возење во забавен парк и не можев да седам на столчиња во ресторани.

 

„Сфатив дека постојам, но не живеам. Сега луѓето ме гледаат и не ме ни препознаваат. Можам да одам на еднодневни патувања со моето семејство и да пешачам со километри – единствено жалам што не ја направив операцијата порано“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *