Ти не си грда, само си сиромашна: „Бев многу грда и потоа решив да потрошам 30.000 долари и да си КУПАМ ново лице“
Во денешно време се повеќе луѓе и познати личности одлучуваат да легнат под нож за било какви козметички процедури. Миа Дио, 22-годишна инфлуенсерка од Мајами, реши да го сподели своето искуство со пластичната хирургија.

22-годишната Миа Дио од Мајами, САД се прослави на „TikTok“ со објавување на комични содржини поврзани со убавина. Младата жена има неверојатни 5 милиони следбеници на „TikTok“, а популарна е и на „Instagram“ и „YouTube“. На Дио нејзините обожаватели често и се восхитуваат на нејзиниот изглед, а таа неодамна реши да расветли како станала убава.

Во вирално видео на „Јутјуб“, Дио отворено разговараше за серија козметички зафати на кои била подложена, споделувајќи ги своите искуства и резултати со својата посветена публика. Инфлуенсерката на социјалните мрежи тврди дека се чувствувала „грдо“ во минатото и решила значително да инвестира во различни третмани за да ги подобри карактеристиките на лицето и на телото.


Миа Дио има направено широк спектар на козметички процедури кои чинеле повеќе од 30.000 долари. Почнувајќи од неисправни филери за усни кои подоцна ги тргнала, до фурнири, зголемување на градите и операција на носот, Дио не се плашела да испробува различни третмани.
Дио нагласи дека иако доживеала зголемена самодоверба по нејзините козметички процедури, тие не треба да се сметаат за универзално решение за ниска самодоверба. „Мислам дека е важно да се забележи дека естетските процедури или пластичната хирургија не се наменети да бидат единствено решение за проблемите со самодовербата“, рече инфлуенсерката во нејзиното вирално видео. „Иако може да помогне“.


Миа Дио пред неколку месеци го сподели своето искуство со пластичната хирургија со обожавателите, а тие и дадоа голема поддршка. „Она што ми се допаѓа е што за разлика од многу влијателни/славни личности кои негираат дека направиле нешто, таа е отворена за тоа“, велат нејзините фанови. „Дефинитивно не сте биле грди порано, но ако ова ве прави среќни, сосема е во ред. Носот ти изгледа одлично, многу природно“, ја увери друга личност. Додека друг обожавател се пошегува: „Ти не си грд, само си сиромашен“, – благодарам за оваа потврда. Ова е едно од најдобрите видеа на Интернет“.


работи пак зошо децата исти како тебе кје бидат да мозес да ти решеш
Коментирај анонимно