Тивкиот херој од Делчево доби признание за чесноста – Огнен ги воодушеви граѓаните со својот потег
Во време кога една најдена сума пари може да стане искушение, младиот Огнен Малешевски од Делчево избра поинаков пат. Неговиот потег брзо стана пример за чесност, граѓанска одговорност и човечност во заедницата.

Содржина:
Поголема сума пари најдена на јавна површина не завршила во нечии џебови
Младиот Огнен Малешевски од Делчево стана вистински пример за чесност и висока граѓанска одговорност, откако за време на викендот пронашол пари и веднаш ги предал на надлежните органи за да му бидат вратени на сопственикот.
Иван Гоцевски го пречека Огнен за лично да му честита
По повод овој пофален чин, градоначалникот на Општина Делчево организираше средба на која му оддаде признание на младиот сограѓанин за покажаната доблест.
„Личниот пример вреди повеќе од какви било зборови“
Гоцевски истакна дека ваквите позитивни примери се вистинска гордост за целиот град и пренесуваат значајна порака за хуманост и честитост во заедницата. Тој нагласи дека постапката на Огнен го претставува Делчево во најубаво светло.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

da mi ti Alal Mlekoto od majka sto si go cical bravo na ovaa siromastija bravo milo dete vaka treba politicarive da vratat toa sto kradat
Секоја чест за дечкото! Од признание не се живее, можеби треба со закон да се уреди, да добие % од најдените пари во паричникот!? Можеби такво нешто постои? Можеби не сакал пари (најверојатно тоа е)? Во времето на екс СФРЈ Југославија, кога немаше интернет, платите се примаа на рака. Татко ми, бог да го прости, ги примил и ги ставил во новчаник. На стара автобуска станица во Скопје (порано беше преку пат на Камениот мост кон Калето), некој тип му го украл паричникот! По 2 недели го доби по ПТТ со писмо… Типо му се заблагорадува со честитка од Јадранот и порака: благодарам за парите, убаво си поминав! Среќа, му ги врати документите да не ги вади пак!
Јас еднаш најдов паричник со документи, 300 евра и 2000 денари,
Со денови го барав човекот да му го вратам,
Го најдов, дојде човекот со такси, му реков седни да пиеме по едно кафе.
Рече човекот се брзам немам време, го отвори паричникот и ми вика фалат 500 евра ама добро е и ова, си стана и си отиде ни фала ни молим.
Наравоучение. Не враќајте пари зошто и должни ќе останете.
Коментирај анонимно