Тој има 79 години и не планира да престане да „рејва“: Запознајте го пензионерот Алан Грофе, којшто од 1997 година нема престанато да оди на техно фестивали“

„Рејвингот“ не е само за милениумците или Gen-Z, а тоа овој 79-годишник има мисија да го докаже.

Пензионерот Алан Грофе стана многу познат на фестивалската сцена на ЕДМ, откако на Ултра музичкиот фестивал во Мајами овој март се појави со неговата ќерка и посинок.

 

 

 

Носејќи една од неговите препознатливи неонски маици со прекарот „Рејв попс“, Грофе не можеше да се запре додека енергично играше среде испотената толпа. Благодарение на неговата заразна енергија, „Rave Pops“ се појави во десетици видеа на „TikTok“ и стана вирален.

Поранешниот технолошки и здравствен претприемач продолжува: „Имав претпоставка дека никогаш нема да бидам прифатен и почитуван од моите млади колеги љубители на овој тип музика. Научив од другите дека само со тоа што ќе бидете свои, со отвореност, пристапност и добро однесување, можете да ги освоите нивните срца и умови“.

 

 

 

Грофе првпат беше воведен во електронската музика од неговиот диџеј син Гевин во 1995 година.

„Ми требаа две години за да го натерам да ме пушти да излезам на рејв со него во 1997 година. Тоа беше во Вашингтон, во голем клуб наречен „Capital Ballroom“. Тоа е прилично величествена зграда која датира од 1924 година и имаше различни соби за хаус, транс, „драм анд бејс“и хип хоп“.

 

 

 

Од фестивалската страна, Грофе вели дека го сакал долгогодишниот настан за електронски танц „Starscape“, кој се одржал во паркот Форт Армистед во Балтимор.

Додека неговиот 80-ти роденден е зад аголот, заедно со неговата 55-годишнина од бракот, Грофе, кој исто така е искусен тркач, не планира да ги забави своите танцувачки лудории.
Запрашан каков би бил неговиот рејв од соништата, тој одговара: „Ах, какво прашање! Тридневен фестивал на плажа во Бали“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *