„Толку сум влакнеста што „грмушката“ ми излегува од бикините – секој што вика дека е одвратно е недораснат“

Лиди Винтер е позната по тоа дека му кажала збогум на бричот и се решила да ги прифати природните влакна на нејзиното тело. И се разбира не може да направите нешто такво во 2024 без да се пофалите на социјалните мрежи. Затоа што ако не се пофалите исто како да не сте го направиле.

 

Додека нејзините обожаватели ја сакаат, некои сè уште ѝ велат да се избричи, нарекувајќи го нејзиниот природен изглед „грден и одвратен“.

Но, Лиди како што вели не дозволува омразата да ѝ пречи. Наместо тоа, таа на злобните коментари одговара со видеа на кои срамните влакна ѝ излегуваат од бикините.

 

Таа напиша: „Ништо не е одвратно во природните влакна на телото… порасни“, а во описот додаде: „Влакнестите жени не се „одвратни“.

Многу корисници на ТикТок ја бранеа во коментарите Сепак, некои не се согласија. Еден гледач напиша: „Изгледаш подобро избричена“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *