Топ 50 најдобри видови на леб од целиот свет (прв дел)
Што е леб? Не може да се даде конкретна дефиниција, бидејќи со изборот на леб откриваме кое е нашето место на живеење. Во однос на оваа тема, историчарот за леб, Вилијам Руби, според кој утврдувањето на строга дефиниција за лебот е непотребно и контрапродуктивно, вели: „Лебот во основа е вашата култура. Нема потреба од специјално брашно.“ Тој повеќе се фокусира на фактот дека основните житарки како пченица, ‘рж или пченка се претвораат во храна со поголема трајност и можност за дистрибуција на истата.
Денес постојат навистина безброј видови на леб, кои се разликуваат по составот, начинот на месење, печење и слично. Листата е навистина долга, но ние Ви ги издвојуваме најубавите 50 видови на леб од целиот свет.
Болани, Авганистан

Златната боја на овие крцкави тенки лепчиња наречени болани, ја добиваат при процесот на пржење. Тајната на овој авганистански специјалитет, е во нивната внатрешност. Филот може да биде различен, од спанаќ, компир, леќа, но исклучително богат. Додека пак свежите билки и младиот кромид му даваат посебен шмек.
Лаваш, Ерменија

Овој леб кој многу наликува на палачинка е доста популарен во Ерменија бидејќи може да се комбинира и со слатки и со солени јадења. Самиот процес на месење на тестото за лаваш е доста интересен, бидејќи група од повеќе жени го растегнуваат и тркалаат преку перница обложена со сено или волна. Потоа, се става да се пече во глинени печки на многу висока температура. Овој вид на леб е многу значаен за Ерменија бидејќи е прогласен за нематеријално наследство на УНЕСКО.
Дампер леб, Австралија

Карактеристично за овој вид на леб се едноставните состојки, а тоа се вода, брашно и сол. Се пече на директен оган. За разлика од другите видови на леб, воопшто не содржи квасец.
Луши, Бангладеш

Овој вид на леб е многу популарен во Бангладеш, може да се најде на уличните тезги, но и во кујните во секој дом. Ова пржено тесто е многу ароматично кога се служи со кари од бел компир. Најчесто ги подготвуваат за појадок.
Пао де киејо, Бразил

Овој деликатес е познат како лепчиња со сирење. Но, она што е карактеристично за нив, е дека се прават со брашно од коренот маниока. Самиот корен има отровни супстанции, но бразилците нашле начин да ја минимизираат неговата отровност со техника на натопување, пресување и сушење на истиот.
Ѓевреците од Монтреал, Канада

Со оглед на фактот дека во Монтреал, Канада, во 1919 година е отворена првата пекара за ѓевреци, токму затоа се издвојуваат овие ѓевреци со уникатен вкус. Разликата од другите видови на ѓевреци е во нивното тесто. Во тестото се става јајце и мед, а пред да се стават да се печат, се варат во вода со мед. Токму затоа го имаат карактеристичниот сладок вкус.
Маракета, Чиле

Маракета е вид на леб, популарен како најомилена закуска во Чиле. Има мека внатрешност, но е многу крцкава однадвор. Тоа го постигнуваат со ставање на тава со вода во рерната додека се пече лебот, за да се добие таа совршена крцкава кора.
Шаобинг, Кина

Овие ролнички имаат крцкава кора со сусам, а внатре дури 18 тенки слоеви тесто со интензивен вкус на пченица. Овој кинески леб може да се намачка со слатки или солени филови, од паста од црн сусам до чадено месо.
Пан Кубано, Куба

Тајната состојка на овој леб е растопената маст, која што му дава малку потежок вкус, но истовремено има доста крцкава кора. Препорачливо е да се јаде истиот ден кога е испечен, тогаш е највкусен.
Либа, Египет

Овој леб е препознатлив по неговото печење директно на жар, и така ја добива таа кафена крцкава кора, а внатрешноста останува мека и влажна.
Пупуси, Ел Салвадор

Овој леб е национална икона во Ел Салвадор. Станува збор за превкусен леб од пченка. Пупусите се приготвуваат така што се става фил од сирење, свинско месо или зачинет грав во нежното тесто од пченка, се завиткува и потоа се тапка смесата на вжештена решетка.
Ињера, Етиопија

Овој леб има сунѓереста површина и се користи како прибор за јадење на чорбите и сосовите во Етиопија. Направен е од хранливата житарка наречена теф и има киселкаст вкус кој го добива при процесот на ферментација.
Багет, Франција

Едно од најдобрите печива во Франција е багетот, кој има долгнавеста форма со крцкава кора и мека внатрешност со дупчиња. Претставува симбол на француската култура.
Хачапури, Грузија

Овој леб е најомилената закуска во Грузија. Станува збор за меко солено тесто во облик на чамец, исполнето со богат фил од јајца и сирење. Откако ќе се испече добива крцкави, кафени краеви. Националната агенција за зачувување на културното наследство на земјата ги прогласи традиционалните хачапури како нематеријално наследство на Грузија на УНЕСКО.
Продолжува на страна 2…
Страни: 1 2
