Тошковски најави дека „Сејф Сити“ од вчера ги казнува и мотоциклистите

Камерите на системот „Безбеден град“ повеќе не ги следат само автомобилите. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека системот од вчера започнал со автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци направени од мотоцикли.

Тошковски најави дека „Сејф Сити“ од вчера ги казнува и мотоциклистите

Камерите добиле техничко решение за да ги идентификуваат мотоциклите

Според Тошковски, пронајдено е решение со кое системот може да ги препознае мотоциклите на териториите каде што е имплементиран. Особен фокус има на прекршоците поврзани со прекумерна брзина.

Камерите добиле техничко решение за да ги идентификуваат мотоциклите

Оние што не ги почитуваат сообраќајните правила ќе бидат санкционирани преку „Безбеден град“

Министерот порача дека мотоциклистите кои прават прекршоци отсега ќе влегуваат во истиот механизам на автоматска контрола. Намерата, како што посочи, е да се зголеми безбедноста и за нив, и за останатите учесници во сообраќајот.

Оние што не ги почитуваат сообраќајните правила ќе бидат санкционирани преку „Безбеден град“

Се очекуваат првите бројки за санкционирани мотоциклисти

Тошковски најави дека јавноста треба да ги добие и првите податоци за тоа колку мотоциклисти биле санкционирани откако системот почнал да ги детектира нивните прекршоци.

Се очекуваат првите бројки за санкционирани мотоциклисти

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *