Трагедија во Волково – кираџија го убил газдата, па се самоубил
Утрово во скопското село Волково се случила страшна трагедија – закупец со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, го ранил неговиот малолетен син, а потоа си го одзел животот.
Случајот го потврдија од МВР.
„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Дајте нешто посериозно, ако сакавме вести да читаме – ќе отворевме некој од порталите…
Коментирај анонимно