Трамп, Макрон и Мицкоски во авион (виц)
Трамп, Макрон и Мицкоски патувале во ист авион.
Летајќи над Америка, виделе двајца алпинисти како се искачуваат на планина, вртејќи се од време на време и помагајќи си еден на друг. Доналд Трамп гордо рекол:
– Преку ова се гледа каков народ сме ние Американците. Секогаш си подаваме рака и нашето мото е: „Пријателот во неволја се познава!“
Летајќи над Франција, виделе двајца алпинисти како се искачуваат на планина, при што едниот го влече другиот нагоре, а потоа обратно. Макрон гордо рекол:
– Е ова е духот на Франција. Нашето мото е: „Човек на човека му е брат!“
Кога летале над Македонија, виделе двајца алпинисти како се туркаат, се борат и си маваат боксови на планина. Мицковски им објаснил на Трамп и на Макрон:
– Ова објаснува зошто Македонија е таму каде што е. Нашето мото е: „Ако јас не напредувам, и ти нема да напредуваш!“
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно