Треба да се закаже термин или само ненајавено да се дојде?

  • vase напиша:

    Пред некоја година, татко ми почина околу 19,00 часот! Се јавив во Брза помош, мислев треба да потврдат.
    Ми викаат, ставете му огледало под нос, ако се замагли, жив е, ако не, не е!!! И викам на госпоџата не се замагли! Епа, вика не требаше да се јавите кај нас, треба да се јавите во Румунска Болница!? Истата отвара во 07,00 часот! Ноќта со некои роднини останавме дома со татко ми. Следниот ден додека чекавме возило од гробишта за да го однесеме за погребување, бев во РБ каде ме прашаа од што починал, па ми издадоа потврда!!!

  • vase напиша:

    А, еве како треба да биде по информации од интернет…

    Постапка во случај на смрт
    Кога доаѓа до смртен случај во куќа или стан, пријава за смртта се врши преку телефонски повик кон дежурната лекарска служба, а од пријавителот се бараат следните податоци:

    Име и презиме на починатиот
    Возраст на починатиот
    Адреса на местото на смртта
    Часот/ времето на смртта
    Име и презиме на оној кој ја пријавува смртта
    Број телефон за контакт

    Брзата помош (докторот) пристигнува после неколку часа од пријавувањето!
    Брзата помош (докторот) е потребно да го осигура пристапот до починатиот за да може да се прегледа телото, да се подготви лексрската документација доколку починатиот бил боледувал од нешто, како и сите матични податоци на истиот.

    Ако смртта се случила како резултат во необични околности, оставете го телото и просторот и местото онака како што сте ги затекнале, поради евентуални правни и полициски евиденции/ увид.

    Откако брзата помош (докторот) ќе издаде ,,Потврда за смрт’’, може починатиот да се пренесе во капела. Контактирајте не на …… или ….. поради договор и превземање на починатиот, како и останатата организација за последното испраќање(резервација за термин на погребот)

    СМРТНИ СЛУЧАИ НА УЛИЦА, СТАН КОЈ НЕ Е ВО ВАША СОПСТВЕНОСТ ИЛИ СЛУЧАЈ ВО ОБИД ЗА ОБИВАЊЕ НА СТАН
    Кога се случува смрт од ваков вид, пристигнува брза помош која ја констатира смртта, а полицијата издава потврда дека телото може да се пренесе во институтот за Судска медицина и инстутот за Криминалистика поради обдукција. Откако ќе се изврши обдукција, телото се пренесува во капела и тогаш може да се закаже погреб.

    ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОГРЕБ И КРЕМАЦИЈА
    Овластеното Погребално претпријатие има право да одреди термин за погреб во договор со Управата на гробиштата, доколку погребот се одржи на едно од градските гробишта. Освен тоа е потребно да се избере погребална опрема, да се одреди текот на самата церемонија и ангажирање на свештено лице, цвеќе, умреница, запис во дневниот ред.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *