Tren de Aragua: Смртоносната венецуелска банда што шири хаос и продава „розев кокаин“ во Гвајана и цела Јужна Америка
По извештаите дека шест војници во Гвајана биле ранети во „напад од вооружена група“ минатата недела, се зголемуваат стравувањата дека зад нападот стои опасниот картел Tren de Aragua.
Војниците биле нападнати од вооружени лица кои отвориле оган од територијата на соседна Венецуела, што дополнително ги заостри веќе постојаните тензии меѓу двете земји. Гвајанските одбранбени сили изјавија дека остануваат посветени на заштитата на државните граници и дека ќе преземат сите неопходни мерки за национална безбедност.
Според експертот за картели, д-р Роберт Банкер, вооружените напаѓачи најверојатно биле членови на Tren de Aragua, кои дејствувале во име на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Тој истакна дека овој напад може да биде дел од поширока стратегија на Венецуела за зголемување на конфликтот со Гвајана, со цел да се стекне контрола врз нејзините природни ресурси.
Картелот Tren de Aragua, кој потекнува од венецуелски затвор, се прошири и во САД, каде што е вмешан во трговија со луѓе и оружје, рекетирање, проституција и убиства. Минатиот месец, околу 50 членови на бандата беа уапсени на тајна забава во Денвер, каде што полицијата заплени големи количини пари, оружје и дрога, вклучително и таканаречениот „розов кокаин“.
Членовите на бандата се препознаваат по специфични тетоважи, како АК-47, логото на Air Jordan или череп со гас-маска. Исто така, познати се по носењето дресови на Chicago Bulls, наводно поради нивната фасцинација со кошаркарската легенда Мајкл Џордан.
Нападот врз војниците во Гвајана доаѓа во време на засилена тензија со Венецуела, која тврди дека ѝ е одземена територијата Есеквибо во 1890-тите години. Овој регион претставува речиси две третини од територијата на Гвајана и се наоѓа во близина на богати наоѓалишта на нафта.
Во најлош случај, растечкиот конфликт може да ги вовлече и најголемите сојузници на Венецуела – Кина и Русија, кои имаат значително влијание во регионот. Москва му има продадено воена опрема на Каракас во вредност од околу 10 милијарди долари од 2000 година наваму, додека Пекинг ја поддржал венецуелската економија со заеми од 60 милијарди долари во изминатата деценија.
Опцијата за воена интервенција од страна на Венецуела не е исклучена. Во 2023 година, земјата организираше референдум за поддршка на инвазија врз Есеквибо, што укажува на можноста за ескалација на конфликтот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно