Тргнала група полицајци на излет со двокатен автобус (виц)

Тргнала една група полицајци на излет со двокатен автобус. По пат наишле на надвозник кој бил премногу низок за автобусот да може да помине под него.

Сите излегле од автобусот да ја разгледаат ситуацијата и да смислат некакво решение.

По некое време, еден од полицајците рекол:

– А да ги издишиме малку гумите на автобусот? Така ќе биде понизок и можеби ќе помине.

Главниот полицаец веднаш го удрил по глава и му викнал:

– Абе будало! Не гледаш дека автобусот удира горе, а не долу во патот?!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *