Трик како секогаш да добивате свежо испржен помфрит во сендвичара
Девојка која работи во „Мекдоналдс“ неодамна го привлече вниманието на интернетот споделувајќи ефикасна тактика која обезбедува клиентите секогаш да добиваат свеж помфрит во сендвичарите.
„Ако одите во „Мекдоналдс“ и не сакате сол на помфритот, а потоа побарате неколку пакувања сол, вие сте најлошиот вид на клиент“, раскажуваше девојката, во клип кој е прегледан повеќе од 261.000 пати.
Таканаречениот „трик со сол“ е достапен во светските синџири за брза храна веќе долго време. Повеќе од 40 милиони Американци ја преземале апликацијата „Мекдоналдс“ во 2022 година. Со притискање на едно копче, клиентите лесно можат да се одлучат за помфрит без сол – принудувајќи ги вработените да пуштат нова серија компирчиња.
„Ако нарачате плескавица или помфрит, секогаш побарајте ги без сол или зачини на плескавицата, тие ќе мора да направат свежи бидејќи секогаш ставаат се на нив, односно ако не ви пречи да чекате 5 минути“, се вели во коментарите на видеото.
Многу гледачи ги бранеа своите постапки во коментарите на видеото.

„Не барам сол бидејќи не сакам сол“, одговори еден, а друг рече дека треба да ја избегнуваат поради здравствени причини.
Клиентите имаат право да останат внимателни. Голема порција помфрит „Мекдоналдс“ содржи 400 милиграми натриум – околу 17% од препорачаната дневна доза.

Се сеќавам на времето кога во Скопје постоеја повеќе ресторани на Мекдоналдс-и! Што се деси, па си отидоа далечната 2013 година, толку ли се налутија? Баш оваа година е 10 годишнина! Со среќа нека ни е.
Коментирај анонимно