Жена која троши 200 евра месечно за третмани, наиде на куп негативни коментари за нејзинот изглед. Колку години ѝ „давате“ вие?

Обидот на една жена да има младешки сјај е губење пари, бидејќи луѓето мислат дека изгледа на 45, а не на 30 години.

 

 

Како и повеќето од нас, Кара Рене ги смета третманите за нега на кожата и убавината како исплатлива инвестиција.
Очајна да постигне здрав сјај на своето лице, 30-годишната фризерка од САД е подготвена да издвојува речиси 200 евра секој месец за хидрафација, еден од најновите хитови во индустријата за убавина.

Истражувањата покажуваат дека неинвазивната процедура ги отстранува мртвите клетки и нечистотии на кожата, а истовремено и доставува навлажнувачки серуми во кожата.

Звучи како сон, а Кара е дефинитивно убедена дека резултатите зборуваат сами за себе, бидејќи мисли дека воопшто не изгледа на нејзината возраст.

Покажувајќи го својот тен, жената постави видео на „TikTok“ .

Но, и покрај тоа што е убедена дека режимот за нега на кожата се исплател, изгледа како следбениците да имаат малку поинакво мислење.

Спротивно на она што го мислеше 30-годишната љубителка на убавината, многумина рекоа дека таа, всушност, изгледала уште постаро, а некои претпоставуваат дека има 40-тина години.
Едно лице коментира: „Тој врат и шминка кажуваат над 40. Господи, помогни ѝ на оваа дама“.

Други биле шокирана кога ја дознале нејзината вистинска возраст, бидејќи напишале: „Погодив 45“.
Некој друг се согласи, пишувајќи: „Овие коментари не се она на што таа се надеваше“.

 

  • Sasho напиша:

    me zabole karo kolku godini ima, uste edna izvitoperena od kremi i pudri, zar ke zeme rucek da napravi

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Sasho Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *