ТВ водителот кој постојано намигнувал (виц)

Аудиција за ТВ водител на локална телевизија. Ниту еден кандидат не ги задоволува критериумите и на крај доаѓа еден пристоен млад дечко. Го кажува текстот и намигнува, кажува втора реченица и пак намигнува. Ги задоволува сите критериуми на комисијата освен проблемот со тиковите со постојаното намигнување. На крај го прашуваат дали некако може да го надмине тоа, а тој одговара:
– Тоа не е ништо, само ќе испијам еден „андол“ и тиковите ми поминуваат. Сакате ли да видите? Сега веднаш ќе ви покажам.
И почнува да бара „андол“ низ џебовите. Вади на масата неколку презервативи, па уште неколку, па уште презервативи, цел куп, за на крај конечно да најде еден „андол“. Го испива апчето и навистина не намигнува повеќе.
Шефот на комисијата му вели:
– Одлично, примен сте, само да ве прашам, зошто ви се толку многу презервативи?
– Па овие од аптеката, јас им велам дајте ми еден „андол“ и намигнувам.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *