Уапсени три лица за трговија со луѓе: Полицијата пронашла 31 дете во куќа на Балканот меѓу нив и помали од една година

Полицијата и надлежните служби пронашле 31 дете во куќа во Брчко, Босна и Херцеговина.

Според порталот Кликс.ба (Klix.ba), децата имале хрватски пасоши, а три лица се уапсени поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе.

Како што соопштија од окружната полиција Брчко, преземајќи активности од нивна надлежност, полициски службеници вчера, под надзор на Окружното обвинителство Брчко на БиХ и во соработка со Одделот за социјална заштита и Црвениот крст, пронашле поголем број деца и ги однеле на безбедно место.

„Во рамки на досегашните активности, уапсени се три лица поради основано сомнение за сторени кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоупотреба на деца. Истрагата за инцидентот е во тек“, се наведува во соопштението.

 

„Имајќи ги предвид законските одредби за постапување во кривични предмети против сторители на кривични дела против деца и малолетни лица, како и универзалните права на детето, потсетуваме на обврската за постапување со особена внимателност со цел избегнување натамошни штетни последици и заштита на интересите на детето“, соопшти полицијата.

Според Klix.ba, меѓу нив имало и деца под една година. Децата ги чувала жена, најверојатно италијанска државјанка. Со неа е уапсен и државјанин на БиХ, заедно со нејзиниот син.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Молкот напиша:

    Ја би да ми то кољемо, куме!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *