Убиство поради неухранетост: Мајка веган е прогласена за виновна откако го усмртила своето 18-месечно дете со „посебна исхрана“

Мајка е прогласена за виновна за убиство на нејзиниот 18-месечен син кој тежел само 17 килограми кога починал во 2019 година, откако го хранела само со овошје, зеленчук и мајчино млеко.

Шејла О’Лири (39) во вторникот по еднонеделно судење беше осудена од порота во Кејп Корал, Флорида. Таа сега се соочува со доживотен затвор зад решетки и ќе биде осудена на 25 јули. Нејзиниот син Езра почина во 2019 година од компликации предизвикани од неухранетост.

Лекарите откриле дека тој не бил нахранет една недела до моментот кога починал во септември 2019 година. Шејла и нејзиниот сопруг, кој исто така е обвинет за убиство и чека судење, се јавиле на брза помош откако Езра престанал да дише.

Болничарите констатирале смрт на малото дете на местото на настанот. Тие ги прегледале и постарите три деца на парот.

Двајцата беа обвинети во декември 2019 година, откако беше откриена причината за смртта на Езра. Никогаш не се објавени фотографии кои покажуваат во каква состојба било детето кога починало.

Но, обвинителите на судењето на Шила опишаа изнемоштено дете кое постојано плачело. „Таа избра да го игнорира неговиот плач. Не ѝ требаше вага за да ги види неговите коски. Не и требаше вага за да го слушне неговиот плач“, рече помошникот државен обвинител Сара Милер.

Двојката имала и тригодишно и петгодишно дете кои биле сериозно неухранети. Кожата им била жолта, а едно имало толку лоша дентална хигиена што забите му биле црни. Шила има и 11-годишна ќерка од претходната врска и нејзиното здравје било значително подобро од она на другите деца.

Полицијата верува дека се должи на фактот дека девојчето редовно го посетувало својот татко во друга држава и таму добила правилна исхрана.

Трите деца биле хранети со диета која главно се состоела од манго, банани, авокадо и рамбутани. Не е јасно дали некогаш посетиле лекар. Езра е роден дома и никогаш не бил на лекар.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Aleks напиша:

    Ova deka deteto tezelo 17 kg ne ke da e tocno, naverojatno se misli na 17 pounds = 8kg

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Aleks Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *