Ученик од Католичко училиште ставен во изолација и му е кажано да се ишиша затоа што дошол со „премногу екстремна“ фризура

15-годишниот Тоби Квин бил одвоен од своите соученици и ставен во изолација откако неговите наставници му кажале дека неговата фризура во австралиски стил е „неприфатлива и непрофесионална“.

 

 

Католичката академија Сент Ејдан, во Сандерленд, му дала на тинејџерот една недела рок.

Тој претходно бил казнет и изолиран поради прекратката коса, и останал збунет сега кога му е кажано дека неговата фризура сега е предолга.

 

Мајката на Тоби, Наоми (47), рече дека училиштето ја смета новата фризура на нејзиниот син за екстремна, откако неодамна ја промени политиката за шишање.

„Неговите учителки рекоа дека ја смениле политиката за фризури на училиште. Тие рекоа дека неговата фризура не е професионална. Не знам зошто 15-годишник треба да се смета за професионалец. Општата суштина беше дека се сметаше за екстремна. Тој навистина бил изолиран поради тоа, го одвоиле во посебна училница и останал таму до крајот ан денот. Тој претходно беше во изолација поради прекратката коса“.

Неговата мајка, која е фризерка, рече: „Тој воопшто не беше среќен што ја изгуби својата фризура, но се помири со тоа, имаше неколку недели да го свари“.

  • Жарко Г. напиша:

    „…ставен во изолација и му е кажано да се ишиша…“
    Значи просто сум воодушевен од глупостите кои секојдневно ги читаме на Мотика.
    Па, дали вие во Мотика сте учеле во македонски училишта или пак од преголема желба набрзина да станете „скопјани“ сте се загубиле во просторот на велеградот?
    Многу ме интересира некој од вас, новите „креатори на модерниот Македонски јазик“, да ми објасните што тоа значи зборот ИШИША?
    ПРЕСТАНЕТЕ АКО ИМАТЕ МИЛОСТ ДА ГО УНИШТУВАТЕ НАШИОТ ПРЕУБАВ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!!!
    Тоа што употребувате скопцизми или србизми не ве прави ПОГОЛЕМИ скопјани од ВИСТИНСКИТЕ скопјани. Вие сте само греотни провинцијалчина одродени од своите провинции.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *