Украинката со „најголемите јаболчници на светот“ покажа како изгледала на 26 години
Манекенката позната по тоа што ги има „најголемите јаболчници на светот“ некогаш изгледаше многу поинаку. Не е изненадувачки што карактеристичните црти на Анастасија Покрешчук се неприродни. Тоа го постигнала преку инјекции за филер. Но, пред десет години таа имала многу потрадиционална структура на лицето.
Денес Анастасија има истакнати јаболчници и големи усни. На „Инстаграм“ објави фотографија на која има 26 години и ја спореди со неодамнешна фотографија. Таа напиша: „26 и 35 – без хијалуронска киселина на првата фотографија“. Објавата доби повеќе од 16.600 лајкови и многу коментари и слободно може да се каже дека мислењата се поделени.
Додека некои претпочитаат поприроден изглед на инфлуенсерката, други мислат дека таа изгледа неверојатно во моментов. Еден критичар напиша: „Зошто, зошто. Изгледавте неверојатно и не разбирам зошто сакавте да изгледате вака. Жал ми е што велам, но лекарите или кој и да се согласи да го направи ова за вас, треба барем да размислат и да советуваат“.
Но, други застанаа во одбрана на Анастасија, пишувајќи: „Ми се допаѓаат и двете. Сега си посекси. Уживај во животот!”
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Se pitam dali ima ogledalo doma ???
Коментирај анонимно