Умира програмер и оди во рајот (виц)
По смртта, еден програмер пристигнува кај Свети Петар. Петар не може да одлучи дали да го испрати во рајот или во пеколот, па го прашува што сака.
– Па, не знам – вели програмерот. – Може ли да ги пробам и двете, па потоа да одлучам?
– Може – му одговара Свети Петар.
Оди програмерот во рајот. Таму нема пиење, нема жени, нема пиратски софтвер, секој ден молитви, а во десет навечер сите мора да бидат во кревет.
Потоа оди во пеколот. Таму журки без престан, сите можни жени на светот, алкохол во неограничени количини, Пентиум III, бесплатен интернет… Едноставно, рај на земјата!
Се враќа програмерот кај Свети Петар и му кажува дека се одлучил за пеколот.
Свети Петар веднаш го врзува со синџири и го предава на ѓаволот да го пече.
– Еееј, чекај малку! Што е сега ова?! – вика програмерот.
– Жал ми е, ама тоа што го виде беше само ДЕМО-верзија!


Коментирај анонимно