„Умрен човек“ влегол на сопствениот погреб и извикал пред сите: „Јас сум жив!“

Семејството и пријателите масовно се собраа да го испратат 22-годишното момче во вечен покој – но тој одеднаш се појави на сопствениот погреб и ги шокираше присутните со зборовите: „Јас сум жив!“. Овој неочекуван настан предизвика хаос, шок и бура прашања, а и полицијата беше принудена да се вмеша.

 

„Умрен човек“ влегол на сопствениот погреб и извикал пред сите: „Јас сум жив!“

Збунетост, неверување и полициска истрага: Кој лежеше во ковчегот?

Заблудата започнала кога млад маж бил прегазен од камион за шеќерна трска на 18 септември во Аргентина. Полицијата најпрвин се посомневала на самоубиство, но го преквалификувале случајот како ненамерно убиство и наредиле обдукција. Следниот ден, жена се јавила во полиција тврдејќи дека е мајка на починатиот и телото ѝ било предадено по препознавање на облеката и некои физички карактеристики.

 

Збунетост, неверување и полициска истрага: Кој лежеше во ковчегот?

Вистинскиот „починат“ се појавил сред погреб

Токму за време на опелото, момчето кое требало да биде погребано се појавило живо и здраво, целосно несвесно за ситуацијата што се случувала во неговиот дом. Тој признал дека бил на пијанка неколку дена во Алдеретес, северно од Кордоба, и не знаел ништо за хаосот што траел дома. Полицијата веднаш го однела во станица за разговор, а телото било вратено во мртовечницата за да се утврди вистинскиот идентитет.

Починатиот всушност бил друг човек

По дополнителните испитувања, беше утврдено дека телото припаѓа на Максимилијано Енрике Акоста (28) од блиското гратче Делфин Гаљо. Неговото семејство го доби телото за погреб, но уште еднаш се случи административна грешка: на почетокот им било покажано друго тело. Братот Ернан огорчено изјави: „Сè беше погрешно од самиот почеток. Прво, го предадоа телото без правилна идентификација. Потоа ме натераа двапати да одам во мртовечница. Не треба да минуваме низ сето ова по сè што преживеавме“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • zoritoler imol напиша:

    Hello.This article was really remarkable, especially because I was investigating for thoughts on this topic last Thursday.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на zoritoler imol Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *