Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%
Унгарскиот парламент усвои редок политички потег без ниту еден отпор во салата. Предлог-законот, поднесен од владејачката партија Тиса, носи значително намалување на платите на пратениците, но и кратење на државното финансирање на политичките партии.

Содржина:
Законот беше претставен како одговор на „расипничкото трошење на претходната администрација“
Мерката доаѓа во согласност со претходното ветување на премиерот Петер Маѓар за намалување на владините трошоци. Во политичка атмосфера во која ваквите одлуки често отвораат поделби, гласањето помина без гласови „против“ или „воздржани“.
Од три просечни национални плати до околу 3.700 евра месечно
Досега платите на пратениците се пресметуваа како три пати поголеми од просечната национална плата за претходната година. Со новите измени, месечните надоместоци на унгарските парламентарци ќе се намалат од над 5.600 евра на околу 3.700 евра.
Се укинува надоместокот за мобилни телефони, се кратат и парите за канцеларии, станови и персонал
Намалувањето не застанува само кај основната пратеничка плата. Со мерката се укинува и посебниот надоместок за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци наменети за канцеларии, станови и персонал.

Коментирај анонимно