Универзитетот Брајтон ги повикува вработените да не го користат зборот „Божиќ“ зашто е премногу „христијански“. Еве кој термин треба да го употребуваат

Зборот „Божиќ“ е премногу „христијански“, се вели во документот на девет страници во „инклузивното јазично упатство“ испратен до предавачите на универзитетот. Според упатството, треба да се избегнуваат генерализации за група луѓе врз основа на нивната возраст, како на пример „старите луѓе не можат да користат технологија“.

Персоналот треба да биде „овластен“ да користи „инклузивен јазик самоуверено и ефективно, со цел да се осигури дека и студентите и вработените подеднакво се чувствуваат безбедно, ценето и почитувано“, се вели во документот.

Па така зборот „Божиќ“ ќе се замени со „зимски завршен период“.

Документот гласи: „Јазикот и значењето се силно условени од доминантните норми на културата во која постојат. Преовладувачките ставови, заблуди и стереотипи се вградени во начините на комуникација, а овие фактори понекогаш се рефлектираат – без разлика дали свесно или не – во јазикот што го користиме кога комуницираме со другите и се повикуваме на нив. Ова значи дека комуникацијата – и усна и писмена – може да биде навредлива дури и кога тоа не е наша намера“.

Ендрју Алисон, од Здружението за слобода, рече: „Универзитетите треба да бидат места каде слободно се дебатира за идеите. Ова е смешно. Персоналот и студентите треба да го игнорираат ова „упатство“ и да имаат среќен Божиќ“.

Потоа, во табела која го советува персоналот што не треба да им кажува на студентите, тие се повикани да го избегнуваат терминот „Божиќен завршен период“ и да го заменат со „зимски завршен период“. Целта на ова е „да се избегне употребата на христијанско-центричен јазик“.

Портпаролот на Универзитетот во Брајтон изјави: „Ова упатство е направено со нашиот персонал и студенти и е дел од нашата заедничка посветеност да го направиме Брајтон место каде што секој се чувствува почитуван и ценет. Упатството е токму тоа – насоки“.

Тие додадоа: „Зборовите не се „забранети“ во Брајтон, а ниту Божиќ – како што е јасно од украсите и елките во нашите згради и низ нашите кампуси“.

  • N . N . напиша:

    Sto mozes da ocekuvas od ovie Britanci , vozat na leva strana od patot i dr . raboti . Me cudi kako saatot ne go napravija da pokazuva na levo posto se totalno levi …….

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на N . N . Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *