Успехот го мерат во хуманост! dm дрогерие маркт повторно се покажа на дело и овојпат со донација од над ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ за гинеколошкиот оддел на клиниката за радиотерапија и онкологија

Со цел давање придонес во подобрување на условите при третманот и грижата за женското здравје, во месец март – месец посветен на жената, компанијата dm дрогерие маркт донира повеќе од еден милион денари во медицинска опрема и апарати за подобрување на условите за работа во гинеколошкиот оддел при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

 

Компанијата dm дрогерие маркт, која важи за голем поддржувач на заедницата, со набавка на два гинеколошки прегледни стола, две столчиња за преглед и стерилизатор за медицинска опрема уште еднаш ја докажа својата посветеност кон создавање на подобри услови за грижа и одржување на женското здравје.

Изминатата година dm донираше повеќе од 1,6 милиони денари во пет гинеколошко-акушерски клиники низ земјата. Преку овие донации компанијата обезбеди поддршка за родилките, а оваа помош значеше и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето.

„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во којашто делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и здруженија. На овој план, годинава ја отпочнуваме со донација во гинеколошкиот оддел, по повод март, месецот на жената. Ова е од особено значење за нас бидејќи како компанија сме најисполнети кога даваме придонес во подобрувањето на животот во нашата заедница. Општествениот ангажман и одговорноста се секогаш врвни приоритети на нашата компанија“ – изјавија од dm дрогерие маркт.

dm drogerie markt, кај широката јавност е позната како компанија што е заснована и којашто целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во којашто работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донираше рекордни 5.3 милиони денари во општествено-корисни проекти од најразлични области.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *