Уште ова немавме видено: 4 родители се заљубуваат едни во други и започнуваат заеднички живот, растејќи ги децата заедно, без притоа да знаат кој е чиј татко!

Во денешно време, идејата за тоа што претставува семејство станува сѐ потешка за објаснување. Некои луѓе избираат да живеат во полигамни врски, во кои повеќе партнери ги раѓаат и одгледуваат сите нивни деца под ист покрив. Нашите херои кои се претставени денес се добар пример за тоа како таквите семејства сами си го трасираат патот до среќата. Тие со нас ги споделуваат интригантните детали од нивниот неконвенционален живот.

 

1. „Сѐ започнало со блиско пријателство“

 

Семејствата доаѓаат во сите облици и големини, а ова е точната порака што ја промовираат овие два пара и нивните 4 деца. Нивната врска, сега позната како „повеќе фаморија“, започнала неочекувано.

Алисија Роџерс (34) и нејзиниот сопруг Тајлер (35) се заљубиле во друга брачна двојка со која биле пријатели: Шон Хартлес (46) и неговата сопруга Таја (28).

 

Алисија вели дека таа и нејзиниот сопруг не барале полигамија или да имаат повеќе партнери во исто време. „Не ни знаевме што е тоа додека не почнавме да добиваме чувства еден за друг“, вели Алисија во нејзиното интервју.

Роџерс, кои веќе имаа деца, одлучија да се обидат со полигамна четворка, а во 2020 година, Алисија и Тајлер се преселиле кај Шон и Таја, и донеле одлука заедно да ги одгледуваат своите деца.

 

2. „Децата беа подговтвени за новиот семеен формат“

 

 

Вистинската порака беше поставена за децата од самиот почеток.

Тајлер се сеќава: „Нашите деца веќе знаеја дека излегуваме со Шон и Таја. Им рековме: „Знаете, мама има момче, а тато има девојка и ќе се преселиме заедно и сите ќе бидеме големо семејство, а тие ќе ви помогнат во сѐ што треба, па ќе ни треба да се однесувате со нив како што се однесувате кон нас – како со родители“.

 

Придобивките од ваквата семејна структура се непобитни, признаваат родителите. Шон вели дека знаењето дека децата секогаш се со барем еден од нив е „голема воздишка и олеснување“.

Полиаморните родители признаваат дека нивните деца учат важни лекции за семејната динамика и знаат дека сите нивни родители секогаш „ќе ги сакаат и поддржуваат без разлика на се“.

 

3. „Полифамили“ набрзо пречекаа уште две нови деца“

 

Само една година по транзицијата, големото семејство се прошири уште повеќе, од 6-члено семејство во семејство со 8 членови, пречекувајќи 2 нови бебиња во март 2021 и октомври 2021 година.

„Јас го родив едниот, а Таја го роди другиот“, вели Алисија, објаснувајќи дека тие „не ја регулирале биологијата“, така што не знаат кој од двајцата мажи е биолошки татко на секое бебе.

 

„Сите ние сме еднакви родители на сите деца и тоа не е за дебата или дискусија“, вели Алисија. „Тоа не е нешто што ние се обидуваме да го скриеме ниту од децата. Ако сакаат да знаат од каде доаѓа нивната ДНК, ние апсолутно ќе тргнеме по тој пат со нив. Но, во овој момент од нивниот живот, тоа не е важно“.

„Сакавме да направиме се што можеме за да се осигураме дека сите се чувствуваат како еднакви родители“, додава Таја. „Во овој момент, откривањето на нивната генетика не би променило ништо“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *