Ватикан има талент: Трамп се пријави со АИ-селфи за следен Папа

На својата омилена платформа за егото, Truth Social, Доналд Трамп реши да се прогласи за нов духовен пастир – буквално. Човекот објави АИ-генерирана слика од себе облечен како папа, со митра, крст до папокот и став: „Јас сум новото светло.“

Ова, ни помалку ни повеќе, само една недела по смртта на вистинскиот Папа Франциск. Светот тажеше, а Трамп – глумеше Божја инспирација.

И не, не е католик. Ниту бил. Ниту ќе биде. Освен ако не отвори Trump Vatican™ со златни куполи и приватен голф терен за кардинали.

„Би сакал да бидам Папа. Тоа ми е број еден избор,“ изјавил претходно, како да се работи за реално шоу, а не за најсветата функција во католичката црква.

Интернетот, нормално, полуде. Католици, атеисти, твитерџии се изнаснија дека сликата треба да се избрише.

„Трамп буквално го исмева христијанскиот свет со оваа слика.“ напиша еден фрустриран коментатор.

А друг додаде: „И на ден кога католиците жалат – он се фотошопира во светец.“

Ама што знае народот – човекот си има визија. Следна станица: „Ватикан има талент“ – со Трамп како водител кој ги осветува сите со една рака.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *