Ве носиме на прошетка! „Најопасната прошетка на светот“ каде што се шпекулира дека годишно умираат 100 луѓе. Сте за?

Планина во Кина е толку опасна што планинарите мораат да бидат добро опремени ако сакаат да патуваат по неа.

Се смета дека планината Хуашан е едно од најопасните планинарења во Кина и иако може да се пофали со прилично спектакуларни пејзажи, изгледа навистина опасно.

Посебно опасниот дел од планината е патека која се наоѓа на источната страна на Јужниот врв, на која има низа тесни дрвени штици.

Се верува дека преминот бил изграден пред повеќе од 700 години од таоистички свештеник по име Хе ЖиЗен.

Иако тие се зајакнати оттогаш, тоа е сепак прилично застрашувачко патување, особено ако се има предвид дека има две линии на пешачки сообраќај – едната со планинари кои патуваат нагоре, а другите патуваат надолу.

Иако нема официјални бројки, се смета дека 100 луѓе годишно умираат обидувајќи се да го поминат патот. Иако ова е само гласина, и се вели дека е многу побезбедно сега со тоа што и се продаваат појаси на лице место.

Тие можат да се купат пред преминот, но според планинарите, тие не се најдобри.

 

Еден човек кој се обиде да ја помине патеката објасни: „Човек во воена униформа продаваше појаси за 5 долари и ние со ентузијазам ги купивме. Тие беа со лош квалитет, само го зацврстија горниот дел од телото“.

Исто така, се советува дека оние на возраст над 55 години или оние под 1.50 метри, не треба да се обидуваат да поминат.

 

Луѓето имаат прилично шокантни приказни за тоа како е да се оди по штиците – а нашите дланки се потат само читајќи.

„Најстрашно дека луѓето што работат таму не ти даваат насоки како да ги користиш појасите“

„Најтешкиот дел е да се разминете со луѓето кои доаѓаат во спротивна насока на штиците“

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *