Веганка по 14 години пробува од бифтекот на сопругот и… доживува егзистенцијална криза пред една чинија месо
По четиринаесет години веганство, една жена проба домашно приготвен бифтек и се расплака. Нејзината сурова реакција, како и нежната поддршка од сопругот, се истовремено топли, човечки и невероатно блиски за многумина.
Во видеото, таа објасни колку копнеела да има заеднички искуства со храна со својот сопруг додека тој го подготвуваше оброкот за неа. Секој пар во коj еден партнер има ограничување во исхраната го познава токму овој вид копнеж. Тоа не е лесно.

Содржина:
- „Мнооогу се плашам“ додека месото цврчеше во масло
- „Ти треба вода?“ беше премногу прашање во тој момент
- Залакот не беше „навистина лош“, како што се надевала
- Дури и најпосветените вегани можат да го сакаат вкусот на месо
- Со лукот стана уште повкусно и уште подраматично
- Во еден залак може да има спомени, вредности и човек до тебе
- Малку простор за големи чувства и некоj со кого ке го поделиш оброкот
„Мнооогу се плашам“ додека месото цврчеше во масло
Додека месото цврчеше во масло, жената рече: „Мнооогу се плашам.“
Сопругот се пошегува: „Јас сум понервозен од тебе!“
Потоа бифтекот беше готов. Таа го помириса и, со блага одбивност, рече: „не мириса добро“, пред неволно да засече парче од него.
„Ти треба вода?“ беше премногу прашање во тој момент
Обидувајки се да ѝ даде поддршка, сопругот праша: „ти треба вода?“
Вознемирена, сопругата разиграно му одговори: „во моментов ми поставуваш премногу прашања!“
Додека раката ѝ се тресеше и вилушката се доближуваше до устата, таа призна дека веќе и доаѓа да плаче. На тоа, сопругот нежно ја потсети дека не мора да помине низ тоа и да го изеде месото. Тој ке го изедеше наместо неа.
Залакот не беше „навистина лош“, како што се надевала
Но таа сепак го изеде.
И, за жал по неа, вкусот не беше „навистина лош“, како што се надевала. Со залакот од средно крваво приготвениот стек се уште во устата, заплака: „има мнооогу доообар вкус!“
Рековме плачење? Подобро кажано: липање, ридање и целосна егзистенциална криза пред една чинија.
Дури и најпосветените вегани можат да го сакаат вкусот на месо
Дури и најистрајните и најискрени вегани или вегетаријанци можат да го сакаат вкусот на месо. За многумина, тоа е прашање на дисциплина над телесните желби, а не нужно прашање на вистинска лична предност.
Токму затоа, ако од која било причина го прекршат својот договор без месо, може да се поjави чувство на вина. А кутрата жена изгледа дека го доживува тоа прилично тешко.
Со лукот стана уште повкусно и уште подраматично
Кога го проба месото со парче лук, работите станаа уште повкусни, а со тоа и уште подраматични. Со еднакви делови мака и екстаза, таа се пожали: „моето тофу никогаш немало никаков вкус!“
Сопругот потоа се обиде да ја утеши својата кутра, растргната сопруга со прегратка и тапкање по рамо додека таа плачеше. Вистински шампион.
Во еден залак може да има спомени, вредности и човек до тебе
Сите ние имаме свој однос со храната, а тој однос може да се менува низ животот. Еден оброк може да носи спомени, вредности, утеха, носталгија, прослава и многу други сложени чувства. Понекогаш, сето тоа одеднаш, во еден залак.
Тоа е дел од она што го прави јадењето толку длабоко човечко искуство. Храната е, секако, за исхрана, но може да биде и за идентитет, вредности, задоволство и, нормално, за луѓето со кои ја споделуваме. За овој пар, сите тие работи дојдоа во форма на крваво приготвен стек.
Малку простор за големи чувства и некоj со кого ке го поделиш оброкот
Не постои еден единствен правилен начин да се пристапи кон храната. Повеќето од нас едноставно го бараат својот пат додека одиме напред.
Се надеваме дека можеме да си дадеме себеси и едни на други истата благост што овој сопруг и ја даде на својата сопруга: малку простор за големи чувства и некоj со кого ке го споделиме оброкот кога ке бидеме подготвени.

Коментирај анонимно