Венецуелска инфлуенсерка тврди дека имала с*кс со Роналдо минатата година во хотел во Португалија. Дознајте што има Роналдо да каже за ова!

Кристијано Роналдо го негираше „целосно лажното“ тврдење на оженетата венецуелска инфлуенсерка, дека имала секс со фудбалерот минатата година.

Блогерката, идентификувана само како Георгилаја, тврди дека Роналдо ја изневерил својата долгогодишна девојка Георгина Родригез, со која има две деца, во хотелска соба во Португалија на 25 март минатата година.

 

 

Георгилаја тврдеше дека Роналдо ѝ испратил порака и ја поканил во неговата хотелска соба откако таа позирала за селфи со Роналдо и неговите соиграчи од Португалија.
Таа рекла: „Кога ја прочитав пораката, помислив дека ако одам таму, само ќе разговараме, ќе се запознаеме подобро, можеби ќе можам да направам уште неколку фотографии. Не мислев дека во таа ситуација ќе има секс. Факт е дека тоа се случи“.

 

 

Тоа беше одобрено од моја страна, но и покрај тоа се чувствував изманипулирана од славата и моќта на Кристијано Роналдо.

Портпаролот на Роналдо рече дека тврдењата се „лажни и клеветнички“.
Георгилаја тврди дека спиела со Роналдо во хотелот „Солверде“ во Вила Нова де Гаја, северна Португалија, додека капитенот на репрезентацијата на Португалија тренирал со своите соиграчи за Светското првенство во Катар.

Таа тврди дека таа и Роналдо, кој е со неговата девојка модел Родригез речиси шест години, имале консензуален секс. Но, Георгилаја рече дека после тоа се чувствувала „искористена“.

Роналдо ги демантираше овие тврдења.

 

 

Таа во видео на „Инстаграм“ рече: „Кристијано Роналдо дојде во мојата соба,  кадешто тие, португалската репрезентација, беа во истиот хотел“.

На својот „Инстаграм“ профил, Георгилаја зачувала серија фотографии на кои е со Роналдо. Роналдо е сликан со раката околу насмеаната Георгилаја на две фотографии.

Георгилаја објави и слики на кои го носи дресот на Манчестер Јунајтед со името на Роналдо додека го гледа фудбалерот како игра на натпреварот Португалија против Македонија од квалификациите за Светското првенство. На секоја фотографија го означувала Роналдо.

Георгилаја, која тврди дека не сака „слава, ниту пари“, на „Инстаграм“ објавува бурни слики од себе во долна облека.

Роналдо има две деца со својата долгогодишна девојка, која ја запознал во 2016 година во продавница на „Гучи“ кадешто Родригез работела како асистент за продажба.

Роналдо и претходно беше обвинет дека ја силувал американската државјанка Кетрин Мајорга во хотелска соба во 2009 година, а потоа и платил 375.000 долари за молчење.

 

Случајот беше отфрлен во јуни минатата година од страна на американската судијка Џенифер Дорси, која рече дека адвокатот на Мајорга покажал „лоша волја“ и се потпира на протечените документи.

 

  • rambo напиша:

    Abe ti otide kaj nego vo soba da igrate PS5 ti ne otide da se ebavas, ebate glupite kurvendi zinati za pari

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *