Вероника Кореја, мајката од Португалија која го фрли својот не толку мал градник на Дрејк, откри дека била контактирана од Плејбој

Вероника Кореја (21) од Камберленд, Род Ајленд, стана вирална сензација и одличен пример за својата ќерка, откако го фрли својот градник на сцената за време на шоуто на раперот во Барклис центарот во Бруклин, Њујорк, минатата недела.

Откако таа го фрли градникот Дејк го зеде, ја провери ознаката и извика: „По ѓаволите. 36G (80H)? Пронајдете ја оваа жена веднаш.“

 

Таа објасни дека на концертот отишла без намера да го фрли градникот.

„Но, тогаш, малку се забавував и тој помина покрај мене за да влезе во кабината за диџеи. Тој пееше веднаш пред мене, а јас бев како: „Знаеш што. Ќе го направам тоа“, објасни таа.

„Помина веднаш покрај мене и само знаев дека ќе го земе бидејќи му го фрлив веднаш до нозете. Немаше шанси да помине покрај него“.

Вероника, португалска мајка на едно дете, која води кафуле наречено Café La La, вети дека 36G односно по европски мерки 80H е нејзината „вистинска големина на градникот“ и дека нејзините гради се „целосно природни“ и дека тоа ѝ е фамилијарно.

Таа рече дека „го изгубила умот“ кога тој „реагирал онака како што реагирал“.

Таа рече дека откако објавила за тоа на нејзиниот Инстаграм и станала вирална, Дрејк некако го нашла нејзиниот профил и реагирал на нејзините Stories одговарајќи со смеа емоџи.

Добила и порака од Плејбој во која пишувало: „Ако сакаш да аплицираш, веднаш ќе те прифатиме“.

„Се пријавив и тие ме прифатија и сакаат да разговараат со мене многу брзо“, додаде таа.

Иако доби многу барања да отвори сметка на OnlyFans по нејзината сега вирална интеракција со ѕвездата, Вероника рече дека тоа не е нешто што ја интересира.

  • dimce напиша:

    E sto znacat vo denesno vreme prirodni golemi gradi i toa trebalo i da go dokazis,pa eve biznisot odma trgna.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на dimce Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *