Весници, енциклопедии и уште многу работи кои интернетот „ги уби“. Што би додале вие на листата?
Без разлика дали мислите дека интернетот е позитивен или негативен за светот, нема дебата дека променил речиси сè. Промената беше толку брза и ненадејна што човештвото навистина не се справи со оваа нова реалност.
Првиот бран на интернет целосно ги збриша физичките медиуми како што се продавниците за плочи и списанијата. Потоа дојде до револуција со социјалните медиуми што го промени начинот на кој луѓето комуницираат и им даде глас на сите на интернет.
Сега, речиси 30 години откако интернетот стана достапен за просечниот човек, расте генерација која никогаш не знаела каков е животот пред него. Но, за останатите од нас, сè уште има спомени од времето кога луѓето одеа во видео продавница да за изнајмат филм, бараа луѓе на ротирачки телефони и го гледаа патот на географска карта.
Еве 11 од најдобрите одговори на прашањето „Што уби интернетот?“. Ве очекуваме во коментарите со ваши одговори!
1.
“Весници. Списанија.”
2.
„Блокбастери“.
3.
„Енциклопедии“.

4.
„Кога не можевте да се сетите кој е тој актер што игра во филмот. Немаше интернет да се провери па или ќе се сетиме или тоа ќе остане да не мачи“.
5.
„Карти. Никогаш не сум користел опиплива карта од кога настапи интернетот и паметните телефони“.
6.
„Каталогот за нарачки по пошта. Ова беше огромно средство за купување работи или за нарачка на специјални артикли кои вообичаено не се складирани во продавниците“.
7.
„Времетраењето на концентрацијата – Повеќе одвај читаме, не решаваме загатки/крстозбори. Постојано гледаме во телефонот и не се концентрираме на ништо конкретно“.

8.
„Мојата вера во човештвото. – Не е дека порано немаше глупави луѓе. Само тогаш тие не беа охрабрувани да прават глупости и тоа да се валидира како нешто што е во ред. Луѓето порано имаа срам и самосвест и ако сакаа да објават некоја глупост тоа прво требаше да помине покрај уредниците кои всушност работеле за своите работни места и имале дипломи по новинарство и литература“.
9 .
„Продавници за плочи. Не сите, но многу. Порано имавме 10 во мојот град во 1990-тите, сега имаме 2“.

10.
„Самопочит на тинејџерите – Интернетот направи страшни промени за тоа како се гледаат младите луѓе себеси“.
11.
„Искуството од всушност излегување и правење работи сами“.

Чвекот… прво и најбитно, сето друго се враќа.
Коментирај анонимно