Вештачка интелигенција го реконструираше ликот на Исус Христос – дали вие се согласувате со оваа физичка претпоставка?
На интернет се појави видео создадено со помош на вештачка интелигенција, на кое е прикажан претпоставениот лик на Исус Христос. Видеото е изработено преку алатките на невронската мрежа Midjourney, користејќи ја како основа сликата од Торинската плаштаница — платното за кое се верува дека го покривало телото на Христос по распнувањето.
Исус со европски карактеристики
Објавата предизвика силни реакции и поделени мислења на социјалните мрежи. Некои корисници го нарекоа видеото „вистинско лице на Исус“, додека други ја оспорија неговата веродостојност, укажувајќи дека ликот повеќе личи на европски отколку на историски веродостоен изглед.
Според експертите по религиски студии, Исус, како жител на Блискиот Исток од првиот век, веројатно имал темна кожа, темни очи и темна, виткана коса. Д-р Мередит Ворен, виша предавачка на Универзитетот во Шефилд, истакна дека попрецизна претстава за изгледот на Исус може да се најде во портретите на египетските мумии од тоа време.
И покрај контроверзноста, видеото повторно го покрена прашањето за начинот на кој технологијата влијае врз религиските претстави и историското разбирање. Останува да се види дали ваквите дигитални реконструкции ќе поттикнат подлабоки истражувања или само ќе го зголемат бројот на шпекулации.
Еј, дури и Ѓорѓе Балашевиќ би му позавидел на патецот т.е. на раздељакот што го има.
Коментирај анонимно