Вештачката интелигенција откри необичен детаљ скриен во познато ремек-дело на Рафаел

Научници од Велика Британија и САД открија дека едно од лицата на познатата слика Мадона со роза (Madonna della Rosa), која традиционално му се припишува на ренесансниот мајстор Рафаело, веројатно не е негово дело. Благодарение на алгоритам за анализа базиран на вештачка интелигенција, откриено е дека лицето на св. Јосиф, поставено во горниот лев агол на сликата, најверојатно било насликано од друг уметник.

 

Вештачката интелигенција откри необичен детаљ скриен во познато ремек-дело на Рафаел

Детална анализа на ремек делото

Историски, се воделе дебати околу автентичноста на ова дело, кое настанало помеѓу 1518 и 1520 година. Новиот метод на анализа користи длабинска анализа на карактеристики (deep feature analysis) и е развиен на основа на сигурно автентични дела на Рафаело. Преку обука на алгоритмот да препознава специфични стилски елементи – потези на четката, палета на бои, сенчење – тимот постигнал прецизност од 98% во идентификацијата на Рафаелови дела.

Во случајот со Мадона со роза, кога анализата се спровела врз целата слика, резултатите биле нејасни. Но, кога сликата била разгледувана во делови, лицата на Мадоната, Христос и св. Јован биле потврдени како Рафаелови. Само лицето на св. Јосиф отстапувало, што се совпаѓа со постојните сомнежи кај историчарите на уметноста дека тоа делувало помалку вешто изведено. Можно е да го има насликано Џулио Романо, еден од учениците на Рафаело, но тоа сè уште не е докажано.

 

Детална анализа на ремек делото

Новиот софтвер ќе ги замени експертите?

Истражувачите нагласуваат дека ваквиот софтвер нема да ги замени експертите, туку ќе им помогне при потврдата на авторството. Анализата на делото вклучува и други фактори – потекло, пигменти, состојба на делото – каде човечкиот увид е незаменлив.

 

  • Васе напиша:

    Што сака уметникот да каже со делото (во случајов слика), само тој знае!
    Башка, ако сликата е стара 100-200 години, а нема пишан или видео запис, може само да се нагаѓа!!!

  • Budimko напиша:

    Ne se raboti za nekakvo otkritie, tajna, misterija tuku za napis koj e taka napraven, senzacionalno.! Vo toj period site umetnici rabotele so pomosnici koi izrabotuvale golem del od postavkata. Vprocem slicno kako makedonskite freskari vo toa vreme. Haha…vestackata intelegencija i spektaklite so gladijatori vo Rim.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *