ВИДЕО кое го обиколува светот: Распетието на Исус остана недопрено среде огнената стихија во Франција
Пожарите што деновиве ја зафатија француската област Жиронд зад себе оставија илјадници хектари изгорена шума, но една глетка привлече особено внимание. Во близина на местото Сомос, распетие со ликот на Исус Христос останало недопрено, иако околниот предел е целосно уништен од огнената стихија. Фотографиите и видеото брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции, при што многумина го нарекоа ова вистинско чудо, додека други сметаат дека станува збор за необичен сплет на околности. Засега нема официјално објаснување како распетието останало зачувано, но сцената стана еден од највпечатливите симболи по катастрофалните пожари во Жиронд.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Коментирај анонимно