Видео предизвика бура од реакции: Мајка и ќерка од Сјеница обвинети дека поставувале црна магија
Видеото кое изминативе денови стана вирално на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции поради тврдењата дека мајка и ќерка поставуваат црна магија пред семејна куќа во Сараево, доби сосема поинаков епилог.
Според новите информации, не станува збор за никакви магиски ритуали или вражбини, туку за семеен спор околу имот, при што видеото наводно било искористено за дискредитирање на Амина Рахиќ (Синановиќ) и нејзината мајка Фатима.
Се наведува дека снимката е направена пред нивната семејна куќа во Сараево, а зад нејзиното објавување наводно стои чичкото на Амина, Адем Синановиќ, заедно со неговите деца. Видеото било објавено преку анонимен профил на „ТикТок“, по што следувале бројни навреди, закани и обвинувања на социјалните мрежи.
Амина Рахиќ, која моментално живее во Германија, категорично ги отфрла сите обвинувања и тврди дека станува збор за обид таа и нејзината мајка да бидат иселени од семејната куќа.
„Почитувани,
Јас сум Амина Синановиќ Рахиќ и моментално живеам во Германија. Сакам да ги демантирам тврдењата поврзани со видеото што се шири на социјалните мрежи.
Настанот се случил пред нашата семејна куќа во Сараево. Зошто би оделе по истиот пат ако навистина сме поставиле некаква црна магија? Мојот чичко Адем Синановиќ и неговиот син веќе една година се обидуваат на различни начини да нè иселат од куќата. Тие живеат на катот над нас и под нас, а ние сме на средниот кат, па ваквите обвинувања немаат никаква логика – би си наштетиле самите на себе.
Сè започна откако моите родители дознаа дека некој им истурил солна киселина пред вратата, по што целата приказна беше свртена против нас. Ќе поднесеме тужба против сите што учествувале во ширењето на овие лаги и клевети.
Ние сме чесно и угледно семејство, и во Сараево и во Сјеница, и никогаш досега не сме биле изложени на вакви напади.“
Со реакција се огласи и нејзиниот сопруг, имамот Емир еф. Рахиќ од Сјеница, кој истакна дека видеото е дел од семеен конфликт поврзан со имотни прашања и најави судска постапка.
„Доволен ни е Алах, Тој е најдобриот заштитник.
Тешко ми е што морам јавно да се огласам, но должност ми е да ја кажам вистината. Видеото на кое се гледаат мојата сопруга и мојата ќерка е објавено со лажно тврдење дека поставуваат црна магија. Камерата е во сопственост на чичкото на мојата сопруга и неговите деца, а целта е јасна – да нè иселат од куќата, бидејќи тоа не успеале да го направат по правен пат.
Ќе поднесеме тужба, а ги повикувам сите да не шират невистини. Секој што нè познава знае дека сме чесно семејство посветено на верата.“
Според нивните тврдења, целата приказна нема никаква врска со црна магија или вражбини, туку претставува дел од долгогодишен семеен спор околу имот, кој, како што најавуваат, ќе добие судска разрешница.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно