ВИДЕО: Шекил О’Нил заедно со тимот водители ја поздрави Македонија и македонскиот дијазнер кој направи патики за најпознатото шоу за кошарка „Inside the NBA“

Сатја Грабулоски кој е македонски дизајнер изработи посебни патики за најпознатото шоу за кошарка „Inside the NBA“ заедно со SWithADot.

Четворицата водители на шоуто, Ерни Џонсон и легендарните кошаркари кои сите ги знаеме Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит ги покажаа патиките и се заблагодарија за овој специјален подарок.

„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабулоски. Неговата компанија SWithADot, е единствената во светот што изработува уникатни обувки, примери за неговите ремек дела се овие патики за филмот Спејс Џем и за Кристијано Роналдо. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени „Inside the NBA’s“, рече водителот Ерни Џонсон, кој важи за најдобриот познавач на американската кошарка.

Потоа тој додаде дека нормално дека нема да ги носат патиките туку дека тие ги чуваат во студиото како дел од нив. Исто така восхитувачки кажа дека за да се направат овие патики на Сатја му требале 156 часа.

Сите во студиото беа импресионирани од овие оригинални обувки на на кој Шекил О’Нил беше нацртан со чипсот што го јадеше во една од емисиите.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *