Видео што ги топи срцата: Дивата птица Моли конечно се врати дома, откако беше одвоена од семејството 45 дена

Џулиет Велс и Рис Мортенсен споделија снимка од „првите 24 часа дома“ на нивата птицата, откако таа беше вратена кај своето семејство на Голд Коуст, Квинсленд.

Моли беше одвоена од семејството 45 дена откако беше конфискувана од властите задолжени за дивиот свет, кои рекоа дека не смеат да чуваат дива птица дома. Таа беше вратена по национален бес што доведе до тоа премиерот на Квинсленд лично да интервенира во случајот.

 

 

 

На видеото се гледа како Моли лета низ куќата со отворени крилја, се бања, пее и ужива на сонце со неговите кучешки пријатели Пеги и Руби.

„Првите 24 часа дома на Моли беа прекрасни за сите нас“, напиша г-ѓа Велс на „Инстаграм“ во вторникот.

 

„Тројцата најдобри пријатели уживаа заедно на сонце или едноставно уживаа меѓусебно како и секогаш. Моли се избања и си играше со своите верни играчки, со Пеги и Руби исто така“.

 

 

 

Г-ѓа Велс и г-дин Мортенсен ја спасиле Моли како бебе во 2020 година и оттогаш почнаа да го споделуваат нејзиното „неверојатно пријателство со нивните двајца домашни миленици на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Јутјуб“.

Тројката станаа ѕвезди, привлекувајќи два милиони следбеници.

Моли првично се мислеше дека е женско, но всушност излезе дека е машко.

Г-ѓа Велс и г-дин Мортенсен доброволно ја предале Моли на Одделот за наука, животна средина и иновации (DESI) во Квинсленд на 1 март, откако властите откриле дека ја немаат потребната дозвола да се грижат за домородните диви животни. По битката со државната влада, Моли беше вратена во понеделникот под строги услови, вклучително и дека двојката повеќе нема да профитира од птицата или нејзиниот имиџ.

 

 

 

Г-ѓа Велс и г-дин Мортенсен споделија емотивно ажурирање на „Фејсбук“ веднаш откако беа повторно обединети со нивната сакана птица претходно оваа недела. Двајцата започнаа обука за негуватели на диви животни и мора да продолжат да ги ажурираат властите за да се осигураат дека птицата добива соодветна грижа.

Тие изјавија дека добиле дозвола да се грижат за птицата. Тие, исто така, се охрабруваат јавно да ги едуцираат другите за тоа како соодветно да се грижат за домородните диви животни.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *