ВИДЕО: Вулкан на Хаваи покажа несекојдневна „насмевка“, а хеликоптер беше таму во вистинско време

Килауеа е еден од најактивните вулкани во светот и еруптира од 1983 година. Кога лавата што излегува од вулканот стигнала до Тихиот Океан за прв пат по три години, во кратерот се формирала „насмевка“. Тоа го пренесува „Си-Ен-Ен“.
Неверојатната видео снимка од насмеаното лице на вулканот е снимена од хеликоптер од Мик Калбер од „Tropical Visions Video/Paradise Helicopters“.

 

 

Се добива чувство дека Килауеа намерно се пофалил со својата „насмевка“, но експертите имаат научно објаснување за таквите светли и необични точки.

 

Сè се сведува на нормална вулканска активност. Бидејќи лавното езеро во кратерот циркулира, искачувањето и спуштањето на лавата се случува на спротивните страни на езерото. Ова контра-движење често предизвикува распрскување на растопена лава, формирајќи светли точки на темната, полуцврста површина на езерото. Циркулацијата, исто така, може да предизвика делови од површината да се раздвојат, создавајќи линии што ја изложуваат лавата одоздола. Овој пат, овие процеси се одвиваа според шемата, како резултат на што се појави веселото лице.

Среќа за нас,  хеликоптер беше таму во вистинско време и го сними овој волшебен момент специјално само за нас.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *