(ВИДЕО): Жена е осудена на 8 години затвор, откако лажно наклеветила тројца мажи дека ја силувале. Оваа снимка од супермаркет ја открила бизарната вистина за настанот!

Жената чии лаги дека била силувана од азиска банда, натераа тројца мажи да се обидат да се самоубијат, денес е осудена на осум и пол години затвор – бидејќи снимката од видео надзорот го откри моментот кога таа зема чекан со кој го удирала сопственото лице.

 

 

 

Елеонор Вилијамс (22) беше прогласена за виновна за изопачување на вистината и правдата на почетокот од оваа година, откако обвини неколку невини мажи ја силувале и злоупотребиле, во објава на „Фејсбук“, која вклучуваше и слики од повредите за кои таа тврдеше дека ѝ биле здадени од бандата.
Објавата, направена за време на карантинот во мај 2020 година, беше споделена повеќе од 100.000 пати и предизвика национален гнев, што доведе до опасни расни немири и протест во нејзиниот роден град Бароу-ин-Фернес.

 

 

Но, доказите откирија дека нејзините сведочења се целосно измислени. Камерите ја покажаа во продавницата „Теско“ како го купува чеканот што го употребила за да си наштети повреди.

Последиците од нејзините лаги ги натерале обвинетите да посегнат по нивниот сопствен живот.
Изрекувајќи ја пресудата, судијата Роберт Алтам рече дека „нема објаснување“ за лагите на Вилијамс и ја критикуваше дека не покажала никакви знаци на каење.
Судијата рече: „Во најмала рака е вознемирувачко што таа не покажува значителни знаци на каење“.

 

 

Опишувајќи ги тврдењата што на крајот се испостави дека се „целосна фикција“, тој додаде: „Сѐ додека обвинетата не каже, нема да знаеме зошто го направила ова“.

Мохамед Рамзан, сопственик на бизнис, кој беше обвинет од Вилијамс, пред судот изјави дека неговиот живот станал пекол поради лажните осудувања.

Претходно, судот слушна дека во Бароу биле забележани 150 дополнителни злосторства поради реакциите предизвикани од објавата на Вилијамс на „Фејсбук“. Не сум сигурен како семејството и јас ќе се опоравиме од ова. Се лепи кал и се плашам дека може да потрае некое време. Имавме пораки дека луѓето ќе ја силуваат мојата сопруга пред мене. Од исламофобија, до расизам, до општа омраза – луѓе кои ми посакуваат смрт“, рече тој.

Џордан Тренгове, кој помина време во притвор откако беше лажно обвинет за силувањето од Вилијамс, им рекол на новинарите дека планира да преземе акција против полицијата. Зборот „силувач“ бил испишан со спреј низ неговата куќа и неговиот прозорец бил скршен.

 

 

Г-дин Гарднер, кој исто така беше обвинет за силувањето откако ја запознал Вилијамс во центарот на градот, рече дека било „вистински шок“ кога бил контактиран од полицијата во Камбрија и му кажале за нејзините тврдења, додавајќи: „Тоа беше само случај на погрешно место во погрешно време“.

Во својата изјава, тој рече дека се обидел да стави крај на својот живот пред да биде осуден, велејќи: „Целиот овој период во мојот живот беше тотално поразителен“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *