Видовте некој како напушта миленик? Пријавете на 0800 32222 – линијата работи 24 часа
Напуштањето домашни миленици останува сериозен проблем во Македонија, кој директно придонесува за зголемување на бројот на бездомни животни на улиците. Иако миленикот треба да значи долгорочна одговорност и грижа, сè уште има неодговорни сопственици кои земаат животни без доволно размислување, како да станува збор за играчки, а потоа, кога ќе сфатат дека грижата бара време, внимание и финансиски средства, едноставно ги оставаат на улица.

Токму затоа, граѓаните се повикуваат да не ги игнорираат ваквите случаи. Доколку забележат некој како напушта или исфрла животно, случајот можат да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 3 2222, кој е достапен 24 часа дневно, или преку електронската адреса info@fva.gov.mk.
Особено е важно, доколку е можно, пријавата да биде поткрепена со фотографии, видеоснимки или друг доказ што може да помогне во утврдувањето на случајот.
Напуштањето животно не е решение и остава сериозни последици – пред сè за самото животно, кое останува без дом, храна, засолниште и соодветна ветеринарна грижа, но и за целата заедница, која потоа се соочува со зголемен број бездомни кучиња и мачки.

Одговорното сопствеништво подразбира свесност дека миленикот не е привремена забава, туку живо суштество за кое се презема долгорочна обврска. Пред да се земе животно, потребно е добро да се размисли дали постојат услови, време и финансиски можности за тоа да биде соодветно згрижено.
Пријавувањето на ваквото неодговорно однесување е еден од начините граѓаните директно да помогнат во спречувањето на напуштањето животни и во намалувањето на бројот на кучиња и мачки кои завршуваат на улица.
Бесплатната линија 0800 3 2222 е достапна 24 часа на ден, а пријава може да се испрати и на info@fva.gov.mk.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно