Вирална фотографија: На денешен ден 1927 е одржана најјаката конференција во историјата. Меѓу сите мажи САМО една жена, знаете која е таа?
Постојано до ден денес се одржуваат илјадници научни конференции ширум светот. Но, оваа конференција е најјаката, би рекле најпаметната конференција во историјата.
Таканаречените Солвејски конференции биле посветени на извонредните истакнати отворени проблеми и во физиката и во хемијата. Тие започнале со историската конференција за физика само со покана во 1911 година, која се смета за пресвртница во светот на физиката и продолжува до ден-денес.
Можеби најпознатата конференција е петтата Солвејска конференција за физика, која се одржала од 24 до 29 октомври 1927 година, темата била „Електроните и фотоните“. На оваа 5-та конференција се дискутирало за тогаш новоформулираната квантна теорија. Водечките фигури биле Алберт Ајнштајн и Нилс Бор. Седумнаесет од 29-те присутни биле или станале добитници на Нобеловата награда, вклучувајќи ја и Марија Кири која, единствена жена меѓу нив, доби Нобелови награди во две одделни научни дисциплини.
Присутни Алберт Ајнштајн, Нилс Бор, Вернер Хајзенберг, Пол Дирак и Ервин Шредингерќе се најде на листата на првите десет најдобри физичари на сите времиња, во анкетата на водечките физичари за магазинот „Physics World“ во 1999 година.
Коментирај анонимно