„Висока сум речиси 2 метри и го „држам“ рекордот за најдолги нозе на свет – еве како купувам фармерки и излегувам со момци“

Жена од Тексас, која може да се пофали со најдолгите нозе на светот, вели дека има сериозни тешкотии во животот поради тоа.

Маци Курин (21) е висока 1 метар и 90 сантиметри, а нејзините нозе се долги неверојатни 133 сантиметри.

 

 

Но, иако таа е светски рекордер, таа вели дека често е подложена на сурови коментари од непознати луѓе, додека исто така се бори со запознавање на момци и бирање облека.

Сепак, не се само странците кои сурово се однесуваат со Курин.

 

 

 

Таа изјави за „Џем прес“ дека секогаш мажите со коишто таа излегува се засрамени во нејзино присуство.

Во еден клип на „TikTok“, Курин тврди дека мажите не сакаат да ја бакнуваат во јавност поради разликата во висината.
Пронаоѓањето облека што одговара за неа е исто така реткост.

 

 

 

„Најчесто купувам во „American Tall“, иако и тие немаат долги панталони што ми одговараат“, објасни таа.

„Морам да ги набавам по нарачка, што чини околу 250 долари за еден пар фармерки“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *