Вистината за шоуто „Survivor“ обелоденета: Натпреварувач ја открива бруталната реалност на шоуто на „Твитер“, но неговиот твит не остана за долго

Австралиска ѕвезда на „Survivor“ направи фама откако објави, а потоа брзо избриша, твит со кој ја разоткри суровата реалност на снимањето на шоуто.

 

 

Сајмон Ми се отвори за тешките услови на кампот на плажата Самоа, на „Твитер“ во средата – но неговата објава не остана долго време.

Твитот на 33-годишниот столар беше одговор на другата објава од страна на меме-профилот на „Survivor“ за неговото разнебитување со учесникот Гери Гелч.
Сцената за која станува збор вклучува како  Гери кој го кара Сајмон за неговото поставување на огревно дрво од племето.

„Кутриот Сајмон, не може ни да ги заврши обврските со огревно дрво“, напиша администраторот на профилот.
Сајмон одговори со твит во кој објасни дека караницата на парот всушност произлегува од многу поголеми проблеми.

 

 

 

„Секогаш можете да кажете многу за редот на племето според распоредот за спиење“, напиша тој.

„Гери секоја вечер спиеше среде засолништето со ќебе. Но, кога собирал дрва за огрев, ги наложил на крајот од засолништето. Кој исто така ми беше кревет“.
Во посебен твит што беше избришан, Сајмон објасни дека ќе мора да го преместува огревното дрво секогаш кога ќе сака да го користи својот простор, кој се наоѓа во помалку заштитена област на засолништето.

Поранешната ѕвезда на „Survivor“, Мет Тарант, ја потврди приказната на Сајмон за животот во кампот и им понуди неколку совети на идните учесници.

 

 

„Ова е сосема точно. Никогаш не спијте на работ од креветот во кампот. Би те оставил да спиеш врз мене ако сакаш, Симо“, напиша Мет на „Твитер“.
Поранешните натпреварувачи беа отворени и искрени за ужасните услови што ги претрпеле додека го снимале  шоуто.

Исто така, Балканскиот „Survivor“ повторно започна со емитување на новата сезона на телевизија „Нова“, со термин од 21:15 часот, како и репризи во 15:25.

 

 

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *