Вистинска теленовела: Шпанска актерка ја искористила спермата на својот починат син за да добие внука преку сурогат мајка
Шпанската актерка Ана Обрегон (70), предизвика глобално внимание кога во 2023 година стана мајка на бебе родено преку сурогат мајка во САД, користејќи ја замрзнатата сперма од нејзиниот син, Аљес, кој почина од рак во 2020 година. Подоцна откри дека девојчето, Аните Сандра, всушност е нејзина внука и дека со тоа ја исполнила последната желба на својот син.
И покрај контроверзиите и критиките – особено поради тоа што сурогатството е незаконско во Шпанија – Ана цврсто застанува зад својата одлука. За списанието ¡Hola! изјави: „Девојчето не ми е ќерка, туку внука“. Таа додава дека од смртта на синот била „мртва однатре“ три години, но со раѓањето на Аните, „повторно оживеала“.
Од болка до воскресение
Иако физички и е потешко да се грижи за детето, Ана раскажува дека домот ѝ е исполнет со играчки и љубов. Аните ја опишува како „светло суштество, паметно како татко ѝ“ и вели дека постојано бара прегратки – не само за себе, туку и за другите околу неа.
Смртта на Аљес, син на италијанскиот аристократ Алесандро Лекуио, оставила длабока трага кај Ана. Таа признава дека денес има повеќе стравови за Аните отколку што имала за својот син, бидејќи животот ѝ покажал колку може да биде непредвидлив.
Контроверзиите околу сурогатството ја ставија Ана во центарот на дебати во шпанското општество. Додека некои политичари го осудија нејзиниот чекор како „насилство врз жените“, таа одговара: „Луѓето може да судат, но без емпатија не се живее“.
Вечен спомен за прерано починатиот син
Ана и Алесандро имаат бурна историја, но таа изјавува дека го сака и почитува како татко на нејзиниот син, додавајќи: „Ќе нè обединува вечно споменот на Аљес“.
Ана Обрегон, која дипломирала биологија на барање на татко ѝ, но се реализирала како актерка, останува верна на љубовта и посветеноста кон семејството – дури и по цена на осуда.
За неа, Аните не е само дете, туку нова надеж по годините на тага.
Коментирај анонимно