Вистинската причина зошто Стив Џобс секогаш носеше црна ролка на било кој јавен настап
Голем дел од фотографиите на Стив Џобс го прикажуваат облечен во неговиот препознатлив црн ролка џемпер, особено во подоцнежните години од неговата кариера. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто човек кој можел да си дозволи било каква облека секогаш го избирал истиот стил?
Приказната за црната ролка на Џобс, како што е откриено во неговата биографија од 2011 година на Волтер Ајзаксон, започнува во 1981 година, кога Џобс бил инспириран од униформите што јапонскиот дизајнер Исеи Мијаке ги дизајнирал за вработените во „Sony“. Џобс сметал дека униформите ќе поттикнат „корпоративно поврзување“ кај тимот на „Apple“ и побарал од Мијаке да дизајнира слична облека за неговите вработени.
Сепак, идејата не била добро прифатена од персоналот, а Џобс доживеал да биде исвиркан при презентацијата на концептот. Но, наместо да се откаже, ја адаптирал идејата како личен стил.
Џобс лично побарал од Мијаке да му изработи стотици црни ролки, кои потоа станале негова облека за секој ден, комбинирајќи ги со фармерки „Levi’s“ и патики „New Balance“. Едноставниот стил му овозможил не само лесно да се облекува, туку и да стане веднаш препознатлив.
По неговата смрт, Мијаке го повлекол овој дизајн во чест на основачот на „Apple“, иако брендот нуди слични стилови, кои денес чинат околу 490 долари. Џобсовата естетика останува пример за минималистичкиот пристап и препознатливоста, инспирирајќи дури и други, како Елизабет Холмс, која го копираше неговиот стил за својата компанија „Theranos“.
Дали овој стил е лесен за следење? Да. Но, евтин? Секако не.
Коментирај анонимно