Вистинската приказна на Морган Ридл: Прекрасната девојка на Вимблдон ѕвездата, што за малку ќе го изгубеше животот поради вирус

Познатата американска инфлуенсерка и партнерка на тенисерот Тејлор Фриц, Морган Ридл, доживеа вистинска здравствена драма кога по враќањето од Формула 1 Гранд При во Лас Вегас, се разболе од норовирус и неколку дена се бореше за живот. „Навистина не би сакала никому да го посакам ова“, напиша таа на социјалните мрежи. Ова е нејзината лична приказна за најтешките 72 часа и љубовната поддршка што ја добила од блиските.

 

Вистинската приказна на Морган Ридл: Прекрасната девојка на Вимблдон ѕвездата, што за малку ќе го изгубеше животот поради вирус

Морган живее на турнеја, а вирусот ја принуди да се соочи со својата ранливост

Морган Ридл е позната по својот гламурозен живот – патува по светот, присуствува на големи спортски настани и редовно ги информира своите следбеници за секој чекор покрај Тејлор Фриц. Но, по враќањето во ЛА токму од едно такво патување, нејзината приказна доби неочекуван пресврт: почнала да се чувствува ужасно и покасно дознала дека се заразила со норовирус, опасен и исцрпувачки вирус кој ги соборува и најздравите.

 

Морган живее на турнеја, а вирусот ја принуди да се соочи со својата ранливост

48 часа борба со вирусот, изолација и чудни соништа без поддршката од Тејлор

Додека Тејлор Фриц се подготвуваше за новата тениска сезона во Мајами, Морган останала сама да се бори со вирусот. Таа со денови не можела да стане од кревет, постојано била во исцрпеност, имала чудни соништа и не можела ни за миг да се одмори. „Сакав само да спијам, не јадев, сè ми беше чудно. Ова не му го посакувам ни на најголемиот непријател“, искрено ги сподели своите страдања.

 

48 часа борба со вирусот, изолација и чудни соништа без поддршката од Тејлор

Гестови што значат живот

Иако физички оддалечен, Тејлор Фриц правел сè за неговата девојка да се почувствува подобро. Испратил букет цвеќе со порака „Брзо оздрави, бебе“ и дуксер со духовит натпис: „Ме боли стомакот, ама сум стварно храбра во врска со тоа“.

И покрај тешките денови, таа сподели и со фановите: „Тој не ја разбира интернет културата, ама ќе му простиме“.

На крајот, Морган повторно се врати на трибините, спремна повторно да го бодри Тејлор и да ги инспирира фановите со својата храброст и искреност. Од таа битка излезе уште посилна – и уште повеќе ја зацврсти љубовта помеѓу неа и нејзиниот тенисер.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *